Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ деновиве се наоѓа во Бања Лука каде игра на турнирот „Српска опен“.
Беше запрашан дали пробал некој специјалитет во Бања Лука, на што Новак урнебесно одговори.
„Можеби во минатиот живот во кој јадев месо“, рече Ѓоковиќ со насмевка и продолжи:
„Кога е храната во прашање, јас сум презадоволен. Сите се многу пријателски расположени, и сите се решени да остават најдобар впечаток кај гостите. Сите се гостопримливи, а јас не се чувствувам како гостин во Бања Лука“, изјави српскиот тенисер.
Comments are closed for this post.