Да живееше пред неколку милениуми, Новак Ѓоковиќ сигурно ќе имаше место во античкиот Пантеон. Можеби ќе беше бог на тенисот, можеби бог на бекхендот или враќањето, а можеби како некои од хероите од тоа време ќе држеше рекет како меч со Леонидас во Термопили или ќе му правеше друштво на Ахил во опсадата на Троја.
„Ја добивам енергијата на грчките богови“, напиша Ноле кој денеска го игра првиот меч на турнирот во Атина.
Во интервју за SDNA, Новак Ѓоковиќ вели дека е задоволен од тоа како неговото семејство и тој биле пречекани во Грција, а зборуваше и за причините за преселбата, како и за мотивацијата да продолжи да игра.
„Да бидам искрен, не го планирав долго однапред“, рече Ѓоковиќ.
„Всушност, во последните две години се случија разни работи, донесовме нови одлуки – и приватно и професионално. Но, тоа е животот. Имаме две мали деца и се обидуваме да се адаптираме и да ја пронајдеме најдобрата средина за нив. Тоа е наш приоритет – тие да растат во средина што е најповолна за нивното психолошко, физичко и емоционално здравје. Да бидат на место каде што како семејство имаме повеќе време за себе“. Последните два месеци го испробуваме животот во Грција и впечатоците се многу позитивни. Се чувствуваме добредојдени – луѓето се љубезни, дарежливи и пријателски расположени. Во исто време, како семејство чувствуваме дека имаме повеќе време да правиме работи што нè зближуваат.







Comments are closed for this post.