Ребека Мекдоналд, една од најуспешните и најбогатите жени од српско потекло во светот, чие богатство се проценува на околу две милијарди долари.Вниманието го привлече откако се најде во ложата на Ѓоковиќ на Вимблдон.
Родена како Убавка Митиќ во 1953 година во Сараево, Ребека пораснала во семејство со високи академски вредности. Нејзиниот татко, Милош, бил електроинженер, а нејзината мајка, Љубица, менаџерка во Народната банка.
По дипломирањето на Првата белградска гимназија, таа се запишала на медицина, но набрзо решила да емигрира во Канада на 22-годишна возраст, барајќи поголема слобода и можност за нов почеток.

- Кога дојдов во Канада, не знаев што да очекувам. Не знаев ниту еден збор англиски. Работев ноќна смена во банка, одев на училиште и го научив јазикот. Тогаш го запознав мојот сопруг.
Во 1986 година, таа ја основала својата прва компанија, EMI, а потоа Just Energy Group Inc., лидер во областа на трговијата со гас и електрична енергија, која денес има над 1,7 милиони клиенти во Канада и САД.
Митиќ отиде во Канада и стана Ребека Мекдоналд. Тоа беше трнлив пат. Западот не е за секого. Тоа беше авантура. Кога си млада, не размислуваш многу. Никогаш не се покајав. Преживувањето на Западот е многу тешко.
Покрај нејзиниот деловен успех, Ребека е позната и по својата голема хуманитарна работа. Таа донираше три милиони долари на болницата „Маунт Синај“ во Торонто за истражување на ревматоидниот артритис, болест со која самата се бори.
Comments are closed for this post.