Македонскиот борач Бесир Алили стана европски шампион во борење – слободен стил за кадети до 48 килограми, откако во финалето на Европското првенство во Фиренца, Италија, го победи Харутјун Хованисјан од Ерменија со резултат 7-6.
На патот до финалето, тој ги совлада Оскар Кулчицки од Полска, Андреј Витан од Молдавија и Лука Гугешашвили од Грузија. Алили, кој е член на БК Лирија, важи за голем талент и се очекува во иднина да продолжи со напорна работа за да го нападне златото во сениорска конкуренција.
Comments are closed for this post.