Гордоста на Македонија, Вардар од следната сезона ќе  игра во втората лига.На едно коло пред крајот предноста од четири бода е недостижна и Вардар ќе биде во вторлигашка конкуренција.

Она што сите се плашеа се случи. Оставен сам на себе, најпрво од Сергеј Самсоненко, а потоа и од градската власт на чело со Петре Шилегов, играчите не можеа ништо да сторат.Тие се најмалку виновни.

Затоа главата горе, кога можеше еден  Јувентус, Глазгов Ренџерс, Њу Касл да играа во втората лига и да се вратат уште посилни  може и Вардар.

Еден живот еден Вардар.