Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на Мастерс турнирот во Шангај откако му одржа час по тенис на талентираниот Алекандар Зверев, но што е уште поважно за српскиот тенисер, оваа победа значеше дека прави нов скок на АТП листата и од понеделник ќе биде втор во светот.
Без разлика на резултатот кој ќе го оствари во утрешно финале, Ѓоковиќ ќе го помине Федерер и ќе го преземе второто место, а до крајот на годината има реални шанси да стане и светски рекет број еден. Што се однесува до денешниот меч, Ноле не му даде никаква шанса на Зверев, па во меч кој траеше точно еден час, Германецот со руско потекло освои само три гејма (6:2 и 6:1).
Со фуриозната игра, Новак си обезбеди ново финале на голем турнир, а во истото ќе го чека подобриот од вториот полуфинален дуел во Шангај каде силите ќе ги одмерат Федерер и Чориќ.
Comments are closed for this post.