Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ во петок стартува на егзибициониот турнир во Абу Даби на полуфинален меч против победникот помеѓу Русинот Карен Хачанов и Австрицот Доминик Тим.
Тие двајца денеска ќе си ги одмерат силите во 15 часот, додека два часа порано играат Јужнокореецот Хјеон Чунг против Квин Андресон од Јужна Африка а подобриот од овој дуел ќе игра со Шпанецот Рафаел Надал.
Егзебициониот турнир „Мубадала“ е увертира во новата сезона која Ѓоковиќ ја стартува од Доха.
Потоа следи, 31 декември – 5 јануари, Ѓоковиќ игра во Мелбурн на Аустралија опен а потоа се планирани настапи на Мастерсит во Индијан Велс, Мајами, Мадрид и Рим.
Comments are closed for this post.