Во моментов најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ уште од самиот почеток на Грен слемот УС Опен го мачи повреда на левото рамо. Во двете почетни кола Србинот се носеше со проблемот, а за мечот од третото коло одигран ноќеска рече дека болката била со силен интензитет.
На моменти имав силни болки. Тешко е да се каже како ќе бидам следните денови. Добро е што на Грен слем турнирите имаме ден одмор. Ќе го искористам тоа со обид да ја неутрализирам болката ила барем да ја смалам значително, изјави Ѓоковиќ.
Следен противник на Србинот на УС опен во Њујорк ќе биде подобриот од мечот меѓу Душан Лајовиќ и Денис Кудла.
Comments are closed for this post.