Српските фудбалери го одработија првиот тренинг во Германија пред почетокот на Европското првенство, а сенка на одличната атмосфера на стадионот „Розенау“во Аузбург фрли инцидентот на крајот од тренингот.

Во еден момент германската полиција приведе едно дете во дрес на Црвена звезда и почна да го изнесува од стадионот.