Германската фудбалска репрезентација синоќа во Амстердам загуби од Холандија со 3:0 и постави негативен рекорд.
Германците за прв пат во својата историја немаат постигнато гол на три натпревари во низа.
Во првата рунда од Лигата на нации „Панцирите“ одиграа нерешено 0:0 со Франција, а претходно, во 3.коло на Светското првенство во Русија изгубија од Јужна Кореја со 2:0 и беа елиминирани.
Шанса да ја прекинат серијата од три меча без постигнат гол ќе имаат во вторник (16 октомври) кога ќе му гостуваат на светскиот првак Франција во 3.коло од Лигата на нации.
Comments are closed for this post.