Стрелецот на голот за бугарскиот првак Лудогорец. Дерој Дуарте, оцени дека фудбалерите на Шкендија заслужено дојдоа синоќа до победа од 2-1 во Скопје во првиот натпревар од плејофот за пласман во Лига Европа.
Лудогорец дојде во водство во 17 минута со голот на Дуарте, но Шкендија со пресврт извојува победа со головите на Латифи (35 минута) и Ибрами (60).
„Не притиснавме толку колку што требаше по првиот гол. Шкендија реализираше многу контранапади, што им даде самодоверба. Не го потценивме противникот. Се надевам дека не беше така. Едноставно не бевме доволно добри. Можеме да најдеме многу изговори, но Шкендија беше поенергична екипа“, изјави Дуарте по натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“.
Реваншот е за една недела во Разград, а победникот од пресметката меѓу Шкендија и Лудогорец ќе обезбеди пласман во групната фаза во Лига Европа, додека поразениот ќе продолжи во Конференциската лига.
„Сакаме да бидеме поагресивни, да демонстрираме повеќе квалитет и, со поддршка од навивачите, да продолжиме напред.“, рече Дуарте.
За Шкендија ништо не е невозможно откако синоќа го победи со 2-1 Лудогорец.

Екипата на Шкендија беше подобар противник во целиот меч. Создаваше шанси,имаше инцијстива. Гостите од Разград единствената шанса ја претворија во гол во првиот дел.
Голот на Љатифи долго ќе се прераскажува , кажано фудбалски голманот на Лудогорец не ја виде топката. Комплетна радост на Градски беше голот на Бесарт Ибраими за кој се чекаше неколку минути да биде одобрен од ВАР системот.

И со ваков резултат реваншот ќе биде тежок но пласманот во Лигата на Европа не е невозможен
Comments are closed for this post.