Јамајканката Шели-Ен Фрејзер-Прајс е новата светска шампионка во спринтот на 100 метри.

Во финалната трка, Фрејзер-Прајс имаше импресивен настап од самиот старт, веднаш направи предност пред конкурентките и без проблеми прва ја мина целта.

Времето што и го донесе златниот медал на јамајканската тркачка ѕвезда, застана на 10.71 секунди, што е најдобро постигнување сезонава.

Второто место и сребрениот медал заврши на градите на единствената Европејка во финалето, Британката Дина Ашер-Смит, која патеката ја истрача со британски рекорд од 10.83 секунди.

Последното место на подиумот и бронзениот медал ги заслужи спринтерката од Брегот на Слоновата коска, Мари-Жозе Та Лу, која трката ја заврши со време 10.90.