Ѕвездата на Баерн, Франк Рибери по крајот на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен. Веста беше објавена на официјалната веб-страница на германскиот гигант.

„Кога дојдов во Баерн, го реализирав својот сон. Збогувањето нема да е лесно, но ние никогаш нема да го заборавиме она што го постигнавме заедно. Ние освоивме повеќе од 20 трофеи“, изјави Рибери.

Директорот на „баварците” Kарл-Хајнц Румениге изјави дека Рибери и Робен се исклучителни фудбалери и Баерн им е многу благодарен и ќе организира „чудесно и емоционално испраќање”.

„Тие беа важен дел од најуспешната деценија во историјата на Баерн“, прокоментира легендата на клубот.

Францускиот ветеран (36) помина 12 години со Баварците.