Некогашниот началник на криминалистичката полиција во Србија, Миле Новаковиќ раскажа интересна приказна за Жељко Ражнатовиќ Аркан и неговиот ФК Обилиќ.

Овој настан се случувал во средината на деведесетите години кога низ Србија поминале автобуски и камионски тури на пад кон Западна Европа.

Превозниците се  јавилувале во шпедиција од Словачка и Чешка со приказна дека имаат дефект во Србија и дека им треба друг автобус или камион за претовар и влечење. Еден од тие бандити потоа ги чекал камионџиите и ги носел на паркингот, каде што ги убивале. Нивните тела најчесто биле закопувани во веќе подготвени дупки, а украдените возила по нивни канали евтино ги продавале во Србија – вели Новаковиќ, додавајќи дека на овој начин убиле десетина луѓе.

На тој начин оваа банда во 1998 година киднапирала и автобус кој завршил кај Аркан. Миле Новаковиќ вели дека продале автобус во Србија, кој во јануари 1999 година бил препродаден за 45.000 марки на ФК Обилиќ. Прибавени се фалсификувани документи дека автобусот бил увезен од Кипар, па бил уредно оцаринет и регистриран, а потоа префарбан во клупски бои.