Од Светското првенство во 2026 година ќе се воведе „мртва топка“, големи промени ќе бидат направени и во VAR системот – генерално, тој ќе биде доста драстично различен во споредба со сега…

Првата промена се однесува на промените кога станува збор за VAR системот. Конкретните предлози се дека во иднина VAR ќе може да суди корнери и втори жолти картони на истиот играч, со оглед на тоа дека тоа би значело исклучување.

Мртва топка

Фудбалските фанови ќе ја најдат промената особено интересна кога станува збор за пеналите. Предлогот е да се воведе „мртва топка“. Во случај голманот да одбрани удар од белата точка, или играч да ја погоди стативата, играта би била запрена во тој случај. Тоа би била радикална промена во споредба со претходниот систем каде што играчите би можеле веднаш да ја бркаат топката. Меѓународната фудбалска асоцијација смета дека оваа промена би им користела на двата тима, бидејќи се смета дека тимот што ќе го добие пеналот веќе има голема предност бидејќи играчот е неколку метри поблиску од другите.

Доколку овие предлози бидат усвоени на состанокот на IFAB во ноември, тогаш гласањето би се одржало во март следната година. Ова би обезбедило новите правила да бидат имплементирани веќе на Светското првенство во САД, Канада и Мексико во 2026 година.

Британците oдлучуваат

За одобрување на новите правила, како и на претходните, потребни се минимум шест гласа од максимум осум. IFAB има четири гласа (Англиската фудбалска федерација, Шкотската фудбалска федерација, Велшката фудбалска федерација и Ирската фудбалска федерација – по еден глас), а ФИФА четири гласа во име на остатокот од светот.

IFAB е единственото тело кое официјално може да ги менува правилата на фудбалската игр