Екипата на Феникс санс славеше на гости против Милвоки бакс со 116-114 со што го направи најголемото изненадување во синоќешните натпревари од НБА лигата. Пред овој натпревар, Феникс го делеше вториот најслаб учинок во лигата, додека Милвоки е втора најуспешпна екипа, веднаш зад Торонто репторс.

Да биде изненадувањето уште поголемо „сонцата“ направија серија од 8:1 за да дојдат до победата. Нивниот успех го запечати Џамал Крафорд со кош на осум десетинки до крајот.


Во последниот напад домашните имаа шанса, сепак, да дојдат до триумф, но при последниот шут, Крис Мидлтон во прв момент малку се двоумеше, што предизвика тројката што ја погоди да биде поништена поради истечено време за напад.


Најефикасен на натпреварот беше ѕвездата на Милвоки Јанис Антетокумпо со 35 поени и 10 скокови, додека лидер на Феникс беше Девин Букер со 29 поени, четири скокови и седум асистенции.

Резултати од синоќешните натпревари

Милвоки – Феникс  114-116

Бруклин – Минесота  102-112

ЛА Клиперс – Мемфис  112-107 (прод.)

Детроит – Хјустон  116-111 (прод.)

Атланта – Бостон  96-114

Њујорк – Њу Орлеанс  114-109

Филаделфија – Кливленд  112-121

Торонто – Вашингтон  125-107

Индијана – Сан Антонио  100-111

Чикаго – Мајами  96-103

Оклахома сити – Шарлот  109-104

Денвер – Орландо  112-87

Голден Стејт – Портланд  125-97

ЛА Лејкерс – Јута  90-83