Македонија на извлекувањето во Даблин доби група по мерка за квалификациите за Европското првенство во фудбал што во 2020 година ќе се одржи во 12 градови. Во групата Г противници на македонската селекција ќе бидат Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија. Еве како изгледаат и останатите групи во квалификациите.
Група А – Англија, Чешка, Бугарија, Црна Гора, Косово
Група Б – Португалија, Украина, Србија, Литванија, Луксембург
Група Ц – Холандија, Германија, С. Ирска, Естонија, Белорусија
Група Д – Швајцарија, Данска, Р. Ирска, Грузија, Гибралтар
Група Е – Хрватска, Велс, Словачка, Унгарија, Азербејџан
Група Ф – Шпанија, Шведска, Норвешка, Романија, Фарски Острови, Малта
Група Х – Франција, Исланд, Турција, Албанија, Молдавија, Андора
Група И – Белгија, Русија, Шкотска, Кипар, Казакстан, Сан Марино
Група Ј – Италија, БиХ, Финска, Грција, Ерменија, Лихтенштајн
Дваесет места на Европското првенство ќе се одредат според квалификациите. Двете прволасирани репрезентации одсекоја група ќе се пласираат директно, а останатите четири места ќе бидат пополнети од Лигата на Нации каде Македонија ќе игра бараж.
Comments are closed for this post.