Мечот против Австрија е голема лекција за македонската репрезентација, вели Елиф Елмас, кој се надева на позитивни резултати во наредните натпревари.
Во првото полувреме одигравме добро, но … сега почувстувавме колку е големо ова Европско првенство, ова е добра лекција. Имаме уште натпревари, ништо не е загубено, се надевам на подобри резултати на другите два натпревари. Се надевам дека ќе извадиме поука од овој меч и со поголема самодоверба ќе влеземе во следните натпревари. Ова е прво Европско првенство за нас, имавме и малку трема, но овој меч останува зад нас, сега треба да гледаме само напред, вели Елмас, кој се надева на подобро издание против Украина за три дена.
Comments are closed for this post.