Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, покажа зошто, според многумина, е најдобриот шутер на сите времиња. На натпреварот против Вашингтон визардс Кари постигна 51 поен и притоа погоди 11 од 16 шута за три поени. Таквиот ефект е за три поени послаб од нејговиот личен рекорд, но е негов учинок во салата „Оракл“, домашниот терен на „воините. Да биде неговиот успех уште повпечатлив, Кари, овие 51 поен ги постигна пред крајот на третата четвртина.
Кари цела вечер си поигруваше со своите противници, а неговиот пример го следеа и Кевин Дурент, кој мечот го заврши со 30 поени, осум скокови и седум асистенции и Клеј Томсон со 19 поени. Тие тројца беас и единствените играчи на Голден Стејт со двоцифрен учинок.
Кај Вашингтон, најефикасен беше Бредли Бил со 23 поени, но тоа беше недоволно за Вашингтон да има каква било шанса против расположените актуелни шампиони.
Прва победа за ЛА Лејкерс
ЛА лејкерс славеше на гости кај Феникс санс со 131-113 со што во четвртиот обид дојде до првиот триумф во новата сезона во НБА лигата. За триумфот, „езерџиите“ се потпреа на колективна игра, па така седум нивни кошаркари го завршија мечот со прелу 10 постигнати поени, имаа 34 асистенции на 52 погодени шутеви, но и само осум загубени топки во однос на 19 на противникот.
Најефикасен кај тимот од ЛА беше Ленс Стивенсон со 23 поени, на кои придодаде по осум скокови и асистенции, по што следуваа Џавејл Мекги со 20 поени и Леброн Џејмс со 19 поени, 10 асистенции и седум скокови.
Кај „сонцата“ најефикасен беше Девин Букер со 23 поени и по седум скокови и асистенции, додека првиот избор на драфтот, Деандре Ејтон го заврши мечот со 22 поени и 11 скокови, со што дојде до третиот дабл-дабл учинок во четвртиот натпревар во својата кариера.
По овој триумф на „лејкерси“ остануваат уште две екипи коишто досега ја немаат почувствувано радоста на триумфот. Во Западната конференција тоа е Оклахома сити тандер, со три порази од три одиграни средби, додека во Источната конференција Кливленд кавалирс имаат скор од четири порази.
Резултати од останатите натпревари:
Атланта – Далас 111-104
Торонто – Минесота 112-105
Чикаго – Шарлот 112-110
Хјустон – Јута 89-100
Сакраменто – Мемфис 97-92
Сан Антонио – Индијана 96-116
Кливленд – Бруклин 86-102
Мајами – Њујорк 110-87
Милвоки – Филаделфија 123-108
Comments are closed for this post.