Поранешниот втор тениски рекет во женска конкуренција, Канаѓанката Ежени Бушар се одлучи да ја прекина кариерата на неопределено време, објави порталот „tennis.life”.
Одлуката на Бушар доаѓа по раната елиминација во Индијан Велс и во Мајами. Таа се повлече од турнирите во Монтереј оваа недела и во Богота, Колумбија следната недела.
Според порталот, желбата на канадската тенисерка е да помине време со својот татко, браќа и сестри.Паузата ќе ја искористи и за целосно закрепнување.Бушар ги откажа и настапите на турнирите во Мадрид и во Рим.Во 2014 година, Бушар стана финалист на Грен слем турнирот во Вимблдон.
Comments are closed for this post.