Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола очекува крилото Кевин де Бруин да го пропушти градското дерби наредната недела, откако беше принудно заменет за време на вчерашната победа со 1:0 над Тотенхем.

Натпреварот помеѓу двата тима од Манчестер е во среда, а Белгиецот го напушти теренот во 38-та минута, откако беше заменет од Фернандињо. Тој се обиде да упати удар и веднаш потоа седна на тревата и беше заменет.

Проблемот на Кевин е во мускулот. Сè уште не е познато колку долго ќе биде отсутен. Веројатно за средбата во средата нема да се потпреме на него, изјави шпанскиот тренер на тимит Пеп Гвардиола.