Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два милиона долари за помош на загрозените по ударот на ураганот Флоренс во Северна Каролина.
Главна причина за одлуката на Џордан е што тој израсна и ги направи првите чекори во кошарката во Вилмингтон, градот што е меѓу најпогодените од ураганот. Сопственикот на кошаркарскиот клуб Шарлот Хорнетс одлучи да донира милион долари за Црвениот крст и еден за фондацијата која ќе им помогне на граѓаните.
Добро е чувството кога имате како да помогнете. Јас сум еден од среќниците кои направиле неверојатна кариера. Сега се чувствувам уште подобро, оти можам да им помогнам на луѓето во мојот роден крај – изјави Џордан
Џордан, кој за многумина е најдобриот кошаркар на сите времиња, е многу поврзан со сојузната држава Северна Каролина. Таму настапуваше во колеџ, а и клубот чиј што сопственик е, се наоѓа во оваа држава.
Џордан планира и да го посети својот крај во најблиска можна иднина.
Comments are closed for this post.