Две лица кои трчаа на полумаратонот во Кардиф, Велс, починаа по завршувањето на трката, соопшти организаторот на „Трчај за Велс“.

Според англиските медиуми смртта кај 20-годишниот и 30-годишниот тркач е застој на работа на срцето.

Ова е огромна трагедија. Најдлабоко сочувство за нивните семејства и пријатели. Сите оние кои учествуваа на трката се потресени, изјави за Би-Би-Си Мет Њуман, извршниот директор на хуманитарната организација „Трчаме за Велс“ (Рun 4 Wales).

Имињата на починатите не се објавени.

Според информациите на тамошните медиуми, 30-годишен човек паднал кога ја минал целта, и тоа пред својата сопруга и едногодишното дете, а седум години помладиот натпреварувач починал трчајќи во друштво на девојката.

Локалните медиуми објавија дека другите натпреварувачи, како и медицинскиот тим, веднаш се упатиле да им укажат помош на двајцата мажи, но тие итно биле упатени на Универзитетската болница во Кардиф, каде што починале.

По немилиот настан, организаторите на маратонот изјавија дека ова се први смртни случаи во 15-годишната историја на одржување на оваа трка.