Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте (29) од следната сезона ќе биде член на актуелниот македонски првак Вардар 1961 и ќе остане најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката доколку клубот е задоволен од неговиот настап.
Словенечкиот десен бек ќе дојде во редовите на „црвено-црните“ од бундеслигашот Хановер.
Десниот бек во јануари беше дел од репрезентацијата на Словенија, која настапи на Европското првенство (ЕП) во Унгарија, а го носеше дресот на националниот тим и на претходното ЕП 2020 година кога го освои четвртото место.
– Среќен сум што доаѓам во Вардар. Го одбрав македонскиот првак бидејќи знам што значи клубот во светот на ракометот, и знам дека може да придонесе и за мои подобри игри и резултати, изјави Цехте за клупскиот сајт на Вардар.
Тој сподели дека слуша само убави работи за сè што го очекува во новата средина.
– Слушнам само убави работи за сè што ме очекува во новата средина, за тренерот, за нивото на кое е клубот, за тренирањето. Очекувам дека ќе ги оствариме резултатите што ќе бидат поставени пред нас, и, секако, ќе се бориме. Едвај чекам да дојдам во Скопје, со новиот тим, со момците. Се радувам што ќе можам да играм пред таква публика и атмосфера, и да тренирам со стручњак од калибарот на Давид Дејвис, додаде словенечкиот ракометар.
Вардар сезонава обезбеди пласман во нокаут фазата во Лигата на шампиони и во осминафиналето ќе игра против унгарски Веспрем.
Comments are closed for this post.