Тенисерот Григор Димитров можеби не може да се пофали со грен слем трофеи, но можеби имал девојки кои се меѓу најубавите жени на светот. Едно време ги освои срцата на поранешната тенисерка Марија Шарапова и пејачката Никол Шерцингер.

Бугаринот моментално настапува на Вимблдон каде успеа да се пласира во осминафиналето и таму ќе се соочи со Холгер Руне. По четвртфиналниот меч новинарите најмногу ги интересираше нешто поврзано со тенисот, но имаше еден човек кој со своето прашање ги насмеа сите присутни.

Станува збор за новинар од Македонија кој рекол дека неговите пријатели го замолиле да го праша Димитров која е неговата тајна, како успеал да ги привлече најубавите жени на светот. На тоа прашање се насмеа и самиот Димитров, но откри и како Шарапова, Шерцингер и многу други убавици му „паднаа“ на шармот.

Не знам како да одговорам на тоа прашање. Понекогаш во животот не ги бираш работите, тие само доаѓаат и ти го прифаќаш тоа. Општо земено, и добри и лоши работи. Мора да прифатиме сè на ист начин. Кога станува збор за жените, тоа е релативно, но секогаш се трудам да бидам позитивен и пријатен со луѓето со кои сум близок. Можеби помага во односот со девојките – изјави Димитров.