Македонија го доживеа првиот пораз во Лигата на нации.Во Еревен нашата репрезентација беше поразена од Ерменија 4-0 која ќе ни биде главен ривал за првото место.Повеќе од заслужен пораз, бидејќи нашата репрезентација не одигра речиси ништо.
Одбраната беше несигурна а средината речиси и не направи некој сериозен напад со кој можеше да се дојде до позиција за гол.
Сепак највиновен за поразот е голманот Столе Димитриевски кој во стилот на германскиот голман Кариус во финалето на Лигата на шампионите со три кикса самиот си даваше голови.
И покрај овој пораз, Македонија се уште е на првото место и за да остане лидер ќе треба да победи на двата последни меча на домашен терен со Гибралтар и нагости во Лихтенштајн.
Comments are closed for this post.