Серија „А“ ги подели наградите за минатата сезона во Италија. Големата награда за најдобар играч му припадна на претставникот на шампионот Јувентус, Пауло Дибала. Напаѓачот ја заработи наградата со 14 голови и 12 асистенции на 38 натпревари што ги играше во домашното натпреварување.
Објавени се и најдобрите фудбалери по позиции. Во составот на голманите беше прогласен Војчех Шчесни од Јувентус, а меѓу дефанзивците за најдобар е прогласен Стефан де Вриј од Интер.
Со своите 16 асистенции, капитенот на Аталанта Алехандро Гомез ја заработи наградата за најдобар играч од средниот ред, а логично освојувачот на „Златната копачка“, Чиро Имобиле беше прогласен за најдобар напаѓач.
Наградата за најдобар млад играч му припадна на 20-годишниот нашинец Дејан Кулушевски, кој беше активен во Парма за време на оваа кампања.
Победниците беа избрани врз основа на статистиките од натпреварите во Серија „А“, Купот на Италија и Суперкупот на Италија минатата сезона.
Најдобар голман: Војчех Шчесни (Јувентус)
Најдобар дефанзивец: Стефан де Вриј (Интер)
Најдобар играч од средниот ред: Алехандро Гомез (Аталанта)
Најдобар напаѓач: Чиро Имобиле (Лацио)
Најдобар играч до 23 години: Дејан Кулушевски (Парма)
Најдобар играч: Пауло Дибала (Јувентус)
Comments are closed for this post.