Невидена сензација во Индијан Велс приреди младиот италијански тенисер Лука Нарди, моментно 123. играч на светот, откако во третото коло на турнирот го победи својот идол Новак Ѓоковиќ.
Очекувано, симпатичниот Италијанец беше во тотално неверување по најголемиот триумф во кариерата. Во главната ждрепка влезе како „среќен губитник“ и го направи најголемото изненадување во сезоната.
Интересно, пред судирот со Ѓоковиќ откри дека Србинот му е идол од детството и дека има постер од него на вратата од спалната соба.
По победата над најдобриот тенисер на светот, тој изјави дека постерот на Новак и натаму ќе ја краси неговата соба.
„Секоја вечер кога ќе легнам, го гледам Новак. Мислам дека од сега ќе продолжам со тоа сигурно. Се шегувам, но – имам постер и мислам дека ќе го задржам. “, изјави Италијанецот.
Comments are closed for this post.