Најдобриот кошаркар на Њу Орлеанс пеликанс, Ентони Дејвис, им соопштил на раководните луѓе на клубот дека нема намера да го продолжи договорот и побарал да биде разменет во друга екипа.
Договорот на 25-годишниот Дејвис истекува во 2020 година, но тој летово може да потпише нов максимален пет-годишен договор вреден 240 милиони долари, но по неговата најава станува јасно дека Њу Орлеанс ќе мора да се согласат на рзмена доколку не сакаат да го загубат својот најдобар играч без надомест откако неговиот договор ќе истече.
Енрони сака да биде разменет во некоја екипа во којашто ќе има шанса постојано да победува и да се бори за титулата. Тој сакаше да биде чесен и јасен со своите намери и затоа го и нформира раководството сега. Тоа е во најдобар интерес и на Ентони и на клубот – изјави менаџерот на Дејвис, Рич Пол.
Дејвис сезонава во просек постигнува по 29,3 поени, 13,3 скокови, 4,4 асистенции и 2,6 блокади по натпревар.
Comments are closed for this post.