Поранешниот играч на Интер и Лацио, Дејан Станковиќ е нов тренер на Црвена Ѕвезда. Тој во деведесеттите години играше за црвено-белите и сега има шанса да дебитира на клупата. Ова ќе биде негов прв ангажман во сениорска конкуренција.
Досега беше тренер во младите категории на Интер каде настапува и неговиот син.
Досегашниот тренер Милојевиќ се повлече иако има уште шест месеци од договорот бидејќи нема веќе мотиви по елиминацијата од Лигата на шампионите.
Comments are closed for this post.