Со својот прв трипл-дабл учинок во НБА лигата, плејмејкерт на Сакраменто кингс, Де’Арон Фокс го предводеше својот тим до триумф против Атланта хоукс со 146-115. Ова за „кралевите“ беше шеста победа во девет одиграни натпревари, со што се пробија на петтото место во Западната конференција.

Фокс мечот го заврши со 31 поен, 15 асистенции и 10 скока, учинок со кој го запиша своето име во неколку листи на рекорди. За да дојде до таквиот ефект, на Фокс му беа потребни само 13 шутеви, што е најмалку во историјата за да се дојде до таков ефект.

Исто така, Фокс му се придружи на Леброн Џејмс, како единствени двајца во историјата што оствариле трипл-дабл со преку 30 постигнати поени, пред да наполнат 21 година, а тој е и најмладиот кошаркар во историјата што завршил еден меч со постигнати 30 поени, 15 асистенции и 10 скокови.

Резултати од синоќешните натпревари

Атланта – Сакраменто  115-146

Шарлот – Оклахома сити  107-111

Кливленд – Денвер  91-110

Филаделфија – ЛА Клиперс  122-113

Бостон – Милвоки  117-113

Портланд – Њу Орлеанс  132-119