Легендата Дарко Панчев вели дека би се вратил во фудбалот само ако има некоја сериозна понуда.Тој во интервју за „Новости“ вели дека во денешно време фудбалот е зависен од финансиите и оти клубовите од регионот тој најмногу го чуствуваат.
„Не сакам да работам само за да работам. Фудбалот денес е многу зависен од парите. Па, ако има финансиски добар момент да се изгради добар тим, тогаш можам да размислам да се вклучам некаде за да помогнам да се изгради добра екипа. Секаде падна квалитетот, но пак велам, фудбалот зависи од пари. Не можете да купите добри играчи, бидејќи тие чинат многу, а треба да се натпреварувате со најдобрите, што е многу тешко. Не знам колку време ќе треба за се да биде на подобро ниво-вели популарната Кобра.
Comments are closed for this post.