Ирските медиуми јавуваат дека големата спортска ѕвезда Конор Мек Грегор завршил на испитување во полицијата заради наводен сексуален напад.

Полицијата го испрашала осомничениот во врска со инцидент што се случил на 10 декември во Даблин. Лицето дошло со адвокат, а по испитувањето и давање ДНК примерок заминало од полициската станица.

Поради ирските закони името на обвинетиот не е објавено, но од повеќе страни се појавија информации дека се работи за поранешниот шампион на УФЦ.


Жената во 20-тите години, наводно, спортската ѕвезда ја запознала во јужен Даблин и по дружењето завршила со негова придружба во хотелот каде што се продолжило со конзумирање алкохол и кокаин. Таа тврдела дека некаде помеѓу полноќ и 3 часот била силувана и претепана од спортската ѕвезда.

Со прегледот е потврдено дека има сериозни повреди. Жената е мајка на мало дете и е во врска со друг маж.

Мек Грегор на почетокот на годината стана татко по втор пат.

Повеќе медиуми го посочија името на Конор Мек Грегор, а таа теза ја потврдуваат и информациите кои протекоа од ирскиот јавен радиодифузер РТЕ.