Фудбалерот на ЦСКА Софија, Георги Јомов, настапил допингуван на реванш натпреварот на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров во рамки на 2. квалификациско коло во Конференциската лига, објавија од бугарскиот прволигаш.
Натпреварот во кој ЦСКА ја совлада Македонија ЃП со 4-0 и се квалификува во следната рунда се одигра на 28 јули во Софија, а УЕФА го известила бугарскиот клуб за позитивниот наод неколку часа пред реваншот на ЦСКА против швајцарски Базел одигран во четвртокот.
Софискиот клуб во клупското соопштение отфрли каква и е да одговорност за случајот со Јомов.
Сите витамини кои ги добиваат фудбалерите во тимот се од светски сертифицирани брендови и медицински одобрени. Земањето други супстанции надвор од програмата на клубот е строго забрането – се наведува во соопштението на нугарскиот клуб.
ЦСКА со вкупен резултат 2-1 беше елиминирана во плејофот од Базел и остана без пласман во групната фаза во Конференциската лига.
Comments are closed for this post.