Кошаркарите на Далас маверикс постигнаа двете тројки во втората четвртина од натпреварот против Вашингтон визард, со што ја потврдија доминацијата, најавена уште во првиот период од дуелот и го трасираа патот кон лесна победа од 119-100.
На тој начин, „дивите телиња“ ја прекинаа серијата од шест порази по ред и го поправија својот учинок на три победи и седум порази, со што направија мал чекор кон напуштање на дното од Западната конференција.
Најдобар настап во победничката екипа имаше Словенецот, Лука Дончиќ. Третиот пик на овогодинешниот драфт, постигна 23 поени, на кои додаде шест скокови и три асистенции. Неговото водство го следеа Весли Метјуз со 22 поени и Денис Смит и Харисон Барнс со по 19.
Кај Вашингтон, Џон Вол постигна 24 поени, додека Бредли Бил и Ото Портер мечот го завршија со по 19 поени.
Резултати од синоќешните натпревари
Далас – Вашингтон 119-100
Шарлот – Атланта 113-102
Феникс – Бруклин 82-104
Портланд – Милвоки 118-103
Comments are closed for this post.