Црногорецот Горан Гогиќ (43) осомничен во Америка за шверц на дрога од Колумбија во Европа бил чувар на познатите браќа Кличко.
Поранешниот црногорски боксер Горан Гогиќ (43), кој беше уапсен во неделата во Мајами под сомнение дека учествувал во шверцот на 22 тони кокаин, вреден над една милијарда евра, најверојатно работел за Кавачкиот клан и лидерот во бегство Радоје Звицер.
Ова апсење само ги потврди претходните сознанија дека криминалците од Балканот се меѓу главните алки во ланецот на шверц на големи количества кокаин од Јужна Америка во Европа.
Боксерот Горан Гогиќ е уапсен кога се обидел да се качи на лет за Цирих во Мајами. Тој претходно беше обвинет од њујоршките обвинители дека бил вклучен во трговија со дрога од мај 2018 до јули 2019 година. Дрогата беше запленета на три комерцијални товарни бродови во 2019 година, вклучувајќи го и MCS Gayen во Филаделфија, што беше рекордна заплена во Америка од 19,8 тони на кокаин.
Во обвинението е наведено дека членовите на криминалната група превезувале кокаин во Европа од Колумбија, преку американските пристаништа, користејќи дигалки и мрежи, благодарение на што дрогата, која ја доставувале со глисери по бродските линии ја натоварувале на товарни бродови.
Comments are closed for this post.