Македонската фудбалска репрезентација гостинскиот натпревар против Англија во квалификациите за Европското првенство во 2024 година ќе го игра на „Олд Трафорд“.

Фудбалската асоцијација на Англија потврди дека средбата закажана за 19 јуни следното лето ќе се одигра на Театарот на соништата, стадионот на кој Македонија во минатото одигра 0:0 против Гордиот албион.

Македонија има уште еден незаборавен натпревар кој се одигра на Сент Мери во Саутемптон и заврши без победник 2:2.