Американскиот боксер, Флојд Мејведер, приреди вистински „циркус“ во Јапонија, при кој за помалку од три минути заработи 77 милиони долари.
Боксерот се појави во салата „Саитама Супер Арена“ на борба со Јапонецот Теншин Насукава, со три часа задоцнување поради тоа што беше на забава, се потсмеваше со својот противник и со националната химна и на крај го нокаутираше во борбата што беше од егзибициски карактер.
Насукава е 20-годишен кикбоксер, кому ова му беше прв боксерски дуел во кариерата, но кој не помина најдобро за него со оглед на тоа што Мејведер го прати на подот трипати пред да биде прекината борбата.
The full #MayweatherNasukawa farce, sorry fight….. #mayweather pic.twitter.com/x9eB7LyUDp
— Craig Goody (@GoodyCraig) December 31, 2018
Comments are closed for this post.