Владе Дивац наскоро официјално ќе стане нов член во Куќата на славните во Спрингфилд. Ќе биде четвртата личност во одбрано друштво после Дражен Далипгиќ, Александар Николиќ и Бора Стнковиќ, а познато е и кој ќе ја има приликата да го смести во елитното друштво.
Изборот паднал на Џери Вест, легендата на НБА лигата кој го краси популарното лого на најатрактивното кошаркарско натпреварување, пренесува српски Телеграф.
Џери Вест е првиот кој Владе Дивац го спомнува како најзаслужен за преминувањето „преку барата“, а сега преостанува 81-годишната легенда само да го потврди на церемонија својот некогашен пик.
Не можев да претпоставам, но Џери Вест кој тогаш ме избра очигледно дека можел. Токму онака како и Грег Поповиќ имал визија со Жарко Паспаљ или со некои други играчи кои во тоа време правеа добри кариери. Повеќе од 20 отсто од играчите во НБА лигата се интернационални играчи, а за нив е потребна препорака или визија. Лејкерски беа најзаслужни за овој мој успех. Вест ме избра на драфтот, но целиот клуб е зслужен за тоа што го постигнав. Фала на Пет Рајли кој тогаш беше тренер на Лос Анелес и ми даде прилика да се докажам, рече тогаш Дивац.
Тој на Лејкерси им се приклучи 1989 година и во НБА играше до 2004 година, забележа 13 илјади поени, 9 илјади скокови, 3 илјади асистенции и 1.500 блокади.
Беше во првиот тим на НБА 1990, во НБА ол-стар тимот во 2001, а со Југославија освои две олимписки сребрени медали, три европски и две светски злата и уште многу одличја. Во ФИБА Куќата на славните е од 2010 годин, а неговиот број го повлекоа Сакраменто Кингс, каде сега е генерален менаџер.
Церемонијата ќе се одржи од 5 до 7 септември во Спрингфилд.
Comments are closed for this post.