Навивачите од Србија направија невидено шоу пред „Касеја центар“ во Мајами.Никола Јокиќ со својата чудесна игра го одбележа третиот натпревар од финалната серија на НБА лигата.
На крилата на Србите, Денвер го совлада Мајами на гостински терен со 109:94 и со тоа поведе со 2:1 во финалната серија.Апсолутен херој на мечот беше српскиот центар, кој забележа 32 поени, 21 скок и 10 асистенции.
Натпреварот беше проследен со прослава на симпатизерите на Денвер, меѓу кои имаше и голем број навивачи од Србија кои дојдоа во популарната „Касеја арена“ да му дадат поддршка на својот сонародник.
По натпреварот српските навивачи се собраа пред салата и чекаа да излезат играчите на Денвер.
Во еден момент се слушна громогласно скандирање на Никола Јокиќ.
Nikola Jokić/Nuggets fans with a farewell chant as Denver leaves the arena in Miami with a win pic.twitter.com/HHL6mADqOm
— Katy Winge (@katywinge) June 8, 2023
„Чии коњи јаваш, Никола“, одекнуваше низ Мајами во доцните часови.
Comments are closed for this post.