Легендата на Барселона од неговите фудбалски денови Чави Ернандес (41) изјави дека сака да се врати дома и да биде тренер на каталонскиот клуб, изразувајќи притоа надеж дека ќе биде постигнат договор за тоа со неговиот сегашен тим, катарскиот Ал Сад, јавија денеска британските медиуми.
Чави е тренер на Ал Сад од 2019 година и минатата сезона ја освои шампионска титула, а клубот под негово водство е непоразен во 36 првенствени натпревари во низа.
– Веќе со денови разговарам со Барселона и сè е подготвено. Двата клуба го знаат мојот став и се надевам дека работите набрзо ќе се решат. Сакам да се вратам дома. Враќањето во Барселона би било спектакуларно и возбудливо, изјави Чави.
Раководството на Ал Сад, меѓутоа, останува на ставот дека нема да му дозволи на Чави да замине, напоменувајќи дека клубот не може да се откаже од него во толку чувствителен момент во сезоната.
-Јас позитивно гледам на работите, клубовите комуницираат меѓу себе и мораат да постигнат договор. Во прашање е здравиот разум, додаде Чави
Comments are closed for this post.