Српскиот селектор Саша Илиќ и неговата ЦСКА од Софија ќе и гостуваат на екипата на Македонија Ѓорче Петров во Скопје во второто коло од квалификациите за Конференциската лига.
Натпреварот доаѓа во незгодно време „поради политичката ситуација меѓу Македонија и Бугарија и антибугарските протести“. Затоа и припадници на бугарската полиција ќе ја придружуваат екипата на патувањето до главниот град на Македонија.
За сериозноста на ситуацијата говори и фактот што членовите на клубот нема да смеат да го напуштат хотелот во кој ќе престојуваат.
Натпреварот е закажан за 21 јули на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на Фудбалскиот сојуз на Македонија. Реваншот е една недела подоцна во Софија.
На клупата на „црвените“ од Софија одлично дебитираше Саша Илиќ. На стартот од бугарското првенство ЦСКА како домаќин го совлада Арда со 3:0.
Бугарите претходно бараа мечот да се игра на неутрален терен во Ниш но тоа не им помина.
Comments are closed for this post.