Бугарија одигра со Грузија нагости без голови и со тоа ја остави Македонија во игра за првото место во Лигата на нации. На два меча до крајот Грузија има три бода предност и се ќе се знае во септември.

Македонија на 22. септември најпрво гостува во Тбилиси, во  одлучувачкиот натпревар, а потоа на 26. септември на домашен терен ја пречекува Бугарија. Грузија, пак, во последното коло ќе гостува во Гибралтар.