Лондонскиот таблоид „Сан“ открива дека сопственикот на Челзи Роман Абрамович е протеран од Велика Британија.
Абрамович и претходните години имаше сериозни проблеми со влезот во Велика Британија, бидејќи не сакаа да му ја продолжат визата. Сепак, минатата година беше објавено дека проблемот е решен и дека тој може да се врати во Лондон, но сега ситуацијата се искомплицира поради војната во Украина.
Британските медиуми јавуваат дека Велика Британија повторно му забранила на Абрамович да влезе во земјата, бидејќи наводно е близок соработник со првиот човек на Русија, Владимир Путин.
Сопственикот на Челзи со месеци не е виден во својот дом во Лондон, а извори од Британија тврдат дека тој никогаш нема да се врати во куќата која ја платил 125 милиони фунти.
Абрамович е еден од 35-те руски олигарси кои опозицискиот лидер на Путин Алексеј Навални ги идентификуваше како клучни соработници на режимот на Путин во Русија. Очекувано, по рускиот напад на Украина, неговите блиски луѓе беа на удар.
Богатството на Челзи се проценува на 8,4 милијарди фунти.
Comments are closed for this post.