По успехот кој го постигнаа двата спортски документарни филмови на домашно и регионално ниво “Први до Четврто” и “КК. Работнички – Брендот под Кошевите” следи и трет документарен спортски филм кој е продолжение на на “Брендот под Кошевите“, во продукција на Саша Каталиниќ.
“КК.Работнички – Златната Генерација” ќе даде осврт на клубските успеси во изминатите години,  15 освоени шампионски титули, 10т купови и два супер купа.
Авторот Каталиниќ веќе го заврши сценариото, целиот скринплеј е подготвен во целост, точно се знае кои се луѓето што ќе бидат дел од ова значајно документарно остварување, со цел да се остават трајни вредности за македонскиот спорт и за генерациите кои доаѓаат.
Тој уверува дека станува збор за уште едно спортско колосално дело кое ќе биде интересно за сите генерации не само во Македонија туку и во светски рамки.