Марија Шарапова ја елиминира бранинителката на титулата, Каролина Возњацки со 6:4, 4:6, 6:3 во третото коло во Мелбурн и обезбеди дуел против домашната тенисерка, Ешли Барти (15 носителка) во осминафиналето на Австралија Опен.
Двете игравме на високо ниво. Знаев дека нема да биде лесно бидејќи против себе ја имав тенисерката која го брани тронот. Лани немав многу врвни натпревари, па чувството да се победи во ваков меч е навистина добро“, истакна Шарапова.
Русинката, која го освои Австралија опен во 2008 година, победи на наптреварот по два часа и 23 минути игра.
Марија Шарапова од март во 2017 година до април во 2017 година беше суспендирана поради допинг-тест. По враќањето во ВТА турот, Русинката има само една титулата, во Тијанџин, што е нејзин најголем успех по аферата.
Comments are closed for this post.