Откако браќата Стеф и Сет Кари го најавија своето учество, натпреварот во шутирање на тројки ќе биде една од главните атракции на НБА „Ол-стар“ викендот. Атрактивност на натпреварот му дава токму натпреварот меѓу браќата што ќе се одржи на 16 февруарти во Шарлот, градот каде што нивниот татко, Дел Кари, настапуваше 10 сезони за „Хорнетс“.
Дел, кој сега работи како аналитичар на телевизиските преноси од натпреварите на Шарлот, е еден од најдобрите шутери во историјата на лигата и е вистинска легенда на клубот Шарлот хорнетс.
Самото тоа што сме во Шарлот е одлично. Ова место има голема семејна историја, а натпреварот во шутот за три поени ќе биде многу забавен со браќата Кари. Знам дека Сет ќе сака да ме победи и тоа дефинитивно ќе биде проблем – изјави Стеф откако неговиот брат го потврди учеството.
За Стеф Кари ова ќе биде шесто учество во натпреварувањето, а во 2015 година го заврши и како победник. Сезонава, Стеф е втор по бројот на погодени тројки со 191, зад лидерот во лигата, Џејмс Харден, кој досега има 218 реализирани тројки. Сет, пак, е втор според прецизноста во реализацијата на тројките со 48 отсто погодени шутеви
Освен братскиот дуел, натпреварот во шутирање тројки може и дополнително да добие на атрактивност, доколку во него учествува и Дирк Новицки. Германецот, кој ја игра својата последна сезона во НБА лигата најави дека ќе ја прифати евентуалната покана за учество. Новицки досега има пет настапи во натпреварувањето, а беше и победник во 2006 година.
Comments are closed for this post.