Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо ќе седне на клупата на турскиот гигант Фенербахче, објави денеска италијанскиот новинар Џанлука Ди Марсио.
Според изворот, назначувањето на 61-годишниот Португалец може да биде објавено уште денеска, а Мурињо ќе потпише двегодишен договор со турскиот клуб.
Мурињо е без тренерски ангажман од јануари кога му беше врачен отказ во Рома.
Фенербахче минатата сезона заврши на второто место во турскиот шампионат, а титулата ја освои градскиот ривал Галатасарај.
Comments are closed for this post.