Триесет и пет годишниот боксер од Германија, со албанско потекло, Џетан Кета е нов светски шампион во средна категорија во ВБУ верзијата, откако во спортската сала во Дебар го доби мечот против Слаѓан Јањанин од Босна и Херцеговина.
Првата рунда мина во меѓусебно запознавање на силите иако Кета имаше повеќе иницијатива упатувајќи неколку удари кон Јањанин.
Во следните четири рунди понадмоќен беше Кета, кој на двапати во втората и четвртата рунда со неколку последователни удари го испрати противникот во „knock-out“, но Јањанин собра сила и продолжи. Во петтата од предвидените 12 рунди, Кета беше убедливо понадмоќен и на Јањанин не му преостана ништо друго туку да му ја подаде раката и прв да му го честита успехот.
Мечот го следеа и претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, градоначалникот на Дебар, Ружди Љата, како и голем број љубители на боксот кои ја исполнија салата.
Кета го бодреа и негови сограѓани од родната Булќиза, албанско погранично градче со Дебар.
Во рамки на боксерскиот спектакл во Дебар имаше уште неколку мечеви меѓу кои и на нашиот најдобар боксер во супер лесна категорија, битолчанецот Денис Муаремовски кој извојува победа над Михајло Рајиќ од Србија, со што го подобри скорот во светската професионална боксерска ранг листа.
Освен добар бокс, жителите на Дебар проследија и настап на познати пејачи од албанската естрада
Comments are closed for this post.