Српскиот кошаркар, Богдан Богдановиќ, погоди тројка со истекот на сирената со што му донесе победа на Сакраменто кингс против Лос Анџелес лејкерс со 117-116.
Bogdan Bogdanovic steps back for the #TissotBuzzerBeater! #ThisIsYourTime pic.twitter.com/6EcVYHBSsb
— NBA (@NBA) December 28, 2018
Со тој кош, Богдановиќ предизвика ерупција на радост во салата, а имуни на емоциите не останаа ни двајцата официјални коментатори на клубот Даг Кристи и Грент Нејпир, кои не се воздржаа да го искажат задоволството од триумфот над големиот ривал.
.@GrantNapearshow and @TheDougChristie‘s full reaction to the game-winner 😂 pic.twitter.com/YccWsiMwHu
— Kings on NBCS (@NBCSKings) December 28, 2018
Освен со победничкиот коп, Богдановиќ беше најзаслужен за триумфот и со тоа што беше најефикасен во својата екипа. Иако не беше дел од почетната петорка, популарниот „Боги“ натпреварот го заврши со 23 поени.
Резултати од синоќешните натпревари
Сакараменто – ЛА Лејкерс 117-116
Хјустон – Бостон 127-113
Милвоки – Њујорк 112-96
Јута – Филаделфија 97-114
Голден Стејт – Портланд 109-110
Comments are closed for this post.